После 20 стапки
„НА МЕСТОТО НА ЗЛОСТОРСТВОТО”

Поздравен збор

Во нашата Мисија и Визија велиме: „Полио Плус не патува сам – Патува со другите!” Тоа е една стара бедуинска поговорка која вели: „Ако сакаш да патуваш брзо – патувај сам. Но, ако сакаш да статсаш подалеку – патувај со другите”. Затоа и нашата борба ја споделивме со другите групи на хендикеп и со останатите групи на ранливи категории.
Ама поминаа 20 години…
И верувале или не, во овие 20 години сигурно, минимум барем 20 пати сум поминал по истите патеки, преку трупи и по беспатиштата и автопатите…
И што гледам сега?
Гледам дека единствените траги од стапките по оваа патека, во оваа пустина, на оваа планина, на овој остров, на оваа плажа, се моите стапки!!!
Зарем пак на почеток? Зар пак во улогата на Каин?? Пак злосторник???
Немојте да ме сфатите погрешно!!!
Точно е дека го усвоија нашиот говор, сега сите се колнат во човековите права, дури и во Конвенцијата*. Сега сите велат “Ништо за нас без нас”.
Но, ние во Полио Плус знаеме дека не е доволно!
Добро е суштината да стане парола. Ама НЕ паролата да стане фарса!
Нашето општество во многу нешта стана фарса на она што требаше да биде, па така и во политиката кон лицата со хендикеп.
Но, НЕ! Не додека НИЕ сме на ноќна смена.
Па ако треба уште 20 години да се оди за да се стаса на почетокот!
До првиот грев. До местото на злосторството.

Одете по стапките на џиновите!

Од нивните рамења подалеку се гледа

*Конвенција на ООН за правата на лицата со хендикеп

Најнови вести