Информативна сесија на тема правата и предизвиците на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот

Во рамките на проектот „Алијанса по прашање на хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ подржан од SMART Balkans програмата, финансиран од Норвешко министерство за надворешни работи тимот од Полио Плус на ден 24 Октомври 2024 почнувајќи од 11:00 до 14:00 одржа информативна сесија со представници од парламентот на Република Северна Македонија.

На оваа информативна сесија тимот на Полио Плус ги презентираше клучните наоди од извештајот на моменталната состојба и пристапноста на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот со цел за да се доловат предизвиците и потребните промени за овозможување на пристапноста на лицата со попреченост во секој сегмент од јавниот живот до главните чинители во државата.

Покрај презентацијата исто така се разви продуктивна дискусија за потребните чекори кои што ќе треба да се превземат од ново формираната Интерпартиска парламентарна група за да се подобри моменталната ситуација на лицата со попреченост.