ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ДОНИРАЊЕ.
Со самиот пристап на интернет страницата на Полио плус и при донација на одреден износ, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа политика за користење на системот за електронско донирање.
Полио плус ги задржуваат правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ/ДОНАТОРИТЕ
Полио плус ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Полио плус нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. како лични податоци се сметаат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. Лицето кое донира воедно гарантира за точноста на внесените податоци. Полио плус не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.
2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Полио плус ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. Полио плус за целото времетраење на трансакцијата/донацијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на платежната картичка на донаторот, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со сметката на донаторот во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за on line донирање.
3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ ЗА ДОНАЦИИ НА СРЕДСТВА
Донацијата и вкупниот износ на донацијата не се истакнуваат на оваа интернет страница. Со прибраните донации, Полио плус ги реализира своите годишни планови и истите ги објавува во годишни извештаи, заедно со вкупниот износ на прибрани донации.
Донирањето на средства може да биде со кредитна/дебитна картичка.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на донирање можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.
4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ДОНАЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
Полио плус не врши поврат на веќе донирани средства по било кој основ и секоја донација се смета за финална.