Работилница со тема подготовка на анализа и извештај на пристапноста на лицата со попреченост
Во рамките на проектот „Алијанса по прашање на хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ подржан од SMART Balkans програмата, финансиран од Норвешко министерство за надворешни работи тимот од Полио Плус одржа серија на работилници на датум 20.02.2024, 12.03.2024 и 22.03.2024 со цел за подготовка на анализите на пристапноста на лицата со попреченост до здравствените установи, како и нивната пристапност во политичкиот и јавниот живот.
На овие работилници присуствуваа членови од работната група составена од представници од организации на лица со попреченост како и лица со попреченост заедно со представници од државни институции со цел за да се придонесе во подготовката на анализите од секоја преспектива, како и да се вмрежат лицата со попреченост и представниците од државни установи за постигнување на заеднича цел, подобрување на пристапноста на лицата со попреченост.