Конференција со тема Презентирање и унапредување на анализата на законодавството и неговата усогласеност со конвенцијата за правата на лицата со попреченост

Во рамките на проектот „Алијанса по прашање на хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ подржан од SMART Balkans програмата, финансиран од Норвешко министерство за надворешни работи тимот од Полио Плус одржа серија на работилници на ден 09 Април 2024 почнувајќи од 13:00 до 14:30 часот тимот на Полио Плус одржа конференција каде што се презентираа главните наоди од анализите подготвени со тема на пристапност на лицата со попреченост до здравствени установи, и пристапноста на лицата со попреченост во политичкиот и јанвиот живот.

На конференцијата присуствуваа представници од организации на лица со попреченост како и представници од граѓански организации, кои што со споделување на своите искуства и знаења придонесоа во развивањето на анализите. Нивниот придонес беше клучен во развојот и подготовката на финалната верзија на анализите.