Меморандум за соработка со Државниот инспекторат за локална самоуправа
На 03.06.2021 година, Полио Плус – движење против хендикеп и Државниот инспекторат за локална самоуправа потпишаа Меморандум за соработка со цел поттикнување и афирмација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на локално ниво.
На средбата Директорот на Државниот инспекторат на локална самоуправа г.дин Сенад Амети и неговите соработници г-дин Јонуз Фејзула и г-дин Сали Мустафа, посочиja дека мора да делуваме за да овозможиме еднакви можности и учество на лицата со хендикеп во сите општествени процеси, особено во самите општини, каде граѓаните со и без хендикеп треба да имаат можност да ги уживаат своите човекови права. Во таа насока, секоја одлука на советот на општините мора да биде во согласност со постоечките закони, но и со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Претставниците на Полио Плус истакнаа дека заедничката соработка и акција ќе придонесат и кон унапредување на мониторинг рамката согласно Конвенцијата.
Со потпишувањето на Меморандумот, претставниците од Државниот инспекторат за локална самоуправа и Полио Плус се золожија во следниот период да преземат конкретни активности во неколку општини и иницијативи, како и да се покренат активности во насока на подигнување на капацитетот кај институциите по ова прашање.