ПРОГРАМИ 

ЦЕНТАР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

Овој Центар нуди различни програми, кои се скроени за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп, како и во согласност со потребите и интересите на отворениот пазар на труд. 

ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Преку зголемување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп ги зголемуваме нивните шанси за квалитетно и достоинствено вработување. 

повеќе

ПОДДРШКА ПРИ НАОЃАЊЕ РАБОТА

Зголемувајќи ја самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп ќе го подобриме само-претставувањето на лицата со хендикеп пред потенцијалните работодавачи

повеќе

ПРЕТПРИЕМНИШТВО

Развивање на капацитети за и поддршка на само-вработување на лицата со хендикеп. 

повеќе

Со Бизнис програмата ние ги таргетираме компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп. Преку градење на капацитетите на високиот и средниот менаџмент во компаниите, преку ориентациони обуки за соработниците на лицата со хендикеп, но и преку константна поддршка на овие компании од страна на нашите експерти, ќе овозможиме инклузивна, професионална и пријателска атмосфера за сите.