ПРОГРАМА

ПОДГОТОВКА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Програмата за подготовка за вработување на Центарот за вработување на лица со хендикеп е насочена кон овозможување на конкретни знаења и вештини на заинтересираните млади, возрасни и постари лица со хендикеп.

Овие знаења и вештини ќе ги зголемат шансите за вработување и напредување во кариерите на учесниците на отворениот пазар на труд. Затоа, оваа програма таргетира и вработени и невработени лица со развојна, образовна, физичка и интелектуална попреченост.
Оваа програма ќе им овозможи на учесниците знаења во областа на англискиот јазик и информатиката. 

Оваа програма содржи: 
- Курс по основен англиски јазик
- Курс по основи на информатика
- Курсеви за напредни ИТ вештини
 

Овие курсеви се дизајнирани да ги припремат учесниците на различни работни средина, развивајќи ги нивните професионални вештини и информатичка продуктивност.
Сите курсеви се развиени согласно идентификуваните потреби на бизнис секторот, преку опсежен консултативен процес. Курикулумите на сите три курса се развиени од јазични и информатички експерти, во соработка со претставници на Центарот за вработување на лица со хендикеп. Секако, специфичните потреби на таргетираната група се основа во изготвувањето на курикулумите.