Претприемништвото претставува иновирање, финансирање и реализирање на бизнис идеи, со цел поекономично произведување економски добра.
Иако практикантството се користи најмногу помеѓу студентите
со цел да си ги зголемат искуството и шансите за прво вработување, имајќи го
предвид македонскиот систем на „специјално образование“, лицата со хендикеп
имаат потреба од стекнување работно искуство независно од своите години. Ова е
во линија и на концептот на доживотно учење, кој промовира активно запознавање
на практично ниво со конкретни работни активности. Целта
на оваа програма е да овозможи стекнување на практични работни искуства од
редовните работни процеси во некоја од компаниите со кои соработуваме или во
рамки на самиот Центар за вработување на лица со хендикеп. Ваков вид на
искуство е од непроценливо значење за секое лице кое активно се стреми да стане
дел од отворениот пазар на труд. Уште повеќе, преку директно стекнување на знаења
и вештини за конкретно работно место се зголемуваат шансите за да се добие тоа
работно место во иднина.
Карактеристики
на парктиканството кое го нудиме со оваа програма:
Програмата
која ја нуди Центарот за вработување на лица со хендикеп овозможува и месечен
надоместок за одреден број на лица со хендикеп кои учествуваат во оваа
програма.
СИМНИ ЈА БРОШУРАТА - ИЗБЕРИ ЈАЗИК
MK AL EN