КОИ СМЕ НИЕ

ЦЕНТАР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

КОИ СМЕ НИЕ

Центарот за вработување на лица со хендикеп претставува иновативно реше-ние кое цели да ја унапреди и зајакне вработливоста на лицата со хендикеп и да ги зголеми нивните капацитети за напредување во профе-сионалната кариера. 
 
Центарот за вработување на лица со хендикеп е мост помеѓу лицата со хендикеп кои сакаат да ја зголемат својата вработливост и компаниите од бизнис секторот – активни на отворениот пазар на труд. Токму затоа, нашата цел е да ја зголемиме активацијата и вклученоста на лицата со хендикеп, како лица со зголемен ризик од исклученост од отворениот пазар на труд. Оваа цел ќе ја постигнеме преку надоградување на вештините, унапредување на образованието и квалификациите на лицата со хендикеп, но и преку развој на социјални сервиси во заедницата кои ќе ја поддржат целосната интеграција на ли-цата со хендикеп во отворениот пазар на труд и во поширокото општество. 

ШТО САКАМЕ
ДА ПОСТИГНЕМЕ? 

Исполнувајќи ја нашата цел, ние: 

  1. Воспоставуваме иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп,
  2. Ги јакнеме капацитети за вработување и напредување во кариерата на лицата со хендикеп,
  3. Ги јакнеме капацитети на бизнис секторот за вклучу-вање на лицата со хендикеп, како и јазголемуваме нивната корпоративната одговорност,
  4. Ја зголемуваме свеста за лицата со хендикеп како еднакви придонесувачи во работните процеси како и останатите вработени. 

ЗА ПРОЕКТОТ

Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ кој има за цел да ги подготви лицата со хендикеп за работа во компаниите и да ги информира и подготви компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси, обуки и активности во компаниите.

Проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и ЦФЦД / Министерство за Финасии преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013 и ЦИВИКА МОБИЛИТАС.