ПРОГРАМА

ПОДДРШКА ПРИ НАОЃАЊЕ РАБОТА

Програмата за подготовка за поддршка при наоѓање на работа е насочена кон овозможување на основни вештини кај лицата со хендикеп кон тоа како да се претстават себе си – на хартија и во живо.

Како што се вели – „не се добива втора шанса за добар прв впечаток“. 
А најчесто тоа е и клучот кон успешно осигурување на саканото работно место.

Оваа програма содржи: 
Обука за самопретставување на интервју
Обука за изготвување на кратка биографија
Обука за градење и оддржување на меѓу-човечки односи на работното место  

Преку овие курсеви лицата со хендикеп ќе стекнат практични знаења и вештини за тоа како се пишува и одржува личната кратка биографија, како треба да се однесуваат кон луѓето кои спроведуваат интервју-а во процесот на вработување, но и како да се градат и одржуваат колегијални и со почит односи со колегите и останатите вработени во компанијата. 

Сите курсеви се развиени согласно идентификуваните потреби на лицата со хендикеп, преку длабок консултативен процес. Овие потреби произлегуваат од долгогодишната сегрегација во образовниот систем и курикулуммите во „специјалните училишта“ кои не ги спремаат лицата со хендикеп за влез на отворениот пазар на труд.    

СИМНИ ЈА БРОШУРАТА - ОДБЕРИ ЈАЗИК

MK AL EN