Зборот претприемништво има многу значења. Од една страна, претприемач е личност која почнува нови работи и поседува исклучителни карактеристики што ретко кој друг ги има. Од друга страна, секој што сака да работи сам може да се именува како претприемач.
Во суштина, да се биде претприемач значи да се биде сам свој шеф. Но, кои се карактеристиките на добар претприемач?
- cигурен во себе, полн со самодоверба и независен;
- cпособноста да постави јасни и мерливи цели;
- cпособноста да бара информации и ресурси за постигнување на целите;
- лидерски способности;
- да прифати дека грешките и ризикот се дел од успехот;
- да може да работи и по 50 часови неделно - не е типичен вработен;
- да поседува неограничена автомотивација;
- да биде подготвен да се соочи и да ги надмине своите лични стравови и ограничувања;
- натпреварувачки дух;
- градење на ефективни врски и соработка со тимовите;
- секогаш да поседува идеја или подобар начин за остварување на целите;
- искуство или знаење за некоја специјалност;
- желба да направи сè за да успее;
- да има развиено силно чувство за насока;
- да поседува неограничен потенцијал – секогаш способен да расте, учи и изведува подобро.
Програмата за претприемништво ќе се фокусира на лицата со хендикеп кои имаат конкретен концепт, амбиција и капацитети да отпочнат сопствен бизнис. Во основа, со оваа програма Центарот ќе се фокусира на оние лица со хендикеп кои:
- имаат системски начин на размислување (размислуваат за проектите и идеите како дел од поголема слика и да разбираат како деталите се вклопуваат и интегрираат во целината),
- поседуваат моќна потреба за достигнувања и да имаат силен натпреварувачки дух, па дури и со самите себе,
- поседуваат одлучност и посветеност, доследност во обврските, самодоверба и да ги држат работите успешно под сопствена контрола,
- имаат објективен, но позитивен карактер отворен за еволуција и прифаќање на нови идеи,
- поседуваат соодветни комуникациски вештини и се спремни да ги надоградуваат.
Оваа програма содржи:
- Обука за развој на капацитетите за самовработување
- Обука за поддршка на самовработени лица со хендикеп
СИМНИ ЈА БРОШУРАТА - ИЗБЕРИ ЈАЗИК
MK
AL
EN