Фотографија за проектот Прашањето на хендикеп во пристапувањето кон Европската Унија

MARGINA OBSCURA- Прашањето на хендикеп во пристапувањето кон Европската Унија

Главната цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанскиот сектор при креирањето на јавните политики, донесувањето на одлуки и зајакнувањето на граѓанскиот/политичкиот дијалог. Тој треба да придонесе кон создвање на „Единствен глас“ на организациите на лица со хендикеп.

Остварени резултати

  • Зајакнати капацитети на организациите на лицата со хендикеп;
  • Развиена национална платформа меѓу организациите на лица со хендикеп преку креирање на бази на податоци и стекнати знаења;
  • Зајакнат граѓански дијалог и соработка на локални организации на лица со хендикеп и јавните чинители при креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки на локално ниво;
  • Подигната свест за прашањето на хендикеп како прашање на човекови права и промоција на Конвенцијат за правата на лицата со хендикеп.

Со проектот се обезбедија мали грантови и обуки со цел да им овозможи на локалните организации на лица со хендикеп нивен придонес во следењето на политиките на национално и локално ниво и воспоставување дијалог со локалните власти за креирање на нови политики согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.