Фотографија од проектот 1. Центар за вработување на лица со хендикеп

Центар за вработување на лица со хендикеп

Проектот „Центар за вработување лица со хендикеп“ е едногодишен проект на Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“ кој има за цел да ги подготви лицата со хендикеп за работа во компаниите и да ги информира и подготви компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси, обуки и активности во компаниите.

Центарот за вработување на лица со хендикеп претставува иновативно решение кое цели да ја унапреди и зајакне вработливоста на лицата со хендикеп и да ги зголеми нивните капацитети за напредување во професионалната кариера.

Центарот за вработување на лица со хендикеп е мост помеѓу лицата со хендикеп кои сакаат да ја зголемат својата вработливост и компаниите од бизнис секторот – активни на отворениот пазар на труд.

Преку проектот се воспостави:

  • Иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп
  • Се зајакнаат капацитети за вработување и напредување во кариерата на лицата со хендикеп
  • Се зајакнаа капацитети на бизнис секторот за вклучување на лицата со хендикеп
  • Се зголеми корпоративната одговорност
  • Се зголеми свеста за лицата со хендикеп како еднакви придонесувачи во работните процеси како и останатите вработени.