Фотографија за проектот Пристап на лицата со хендикеп до пазарот на трудот

Пристап на лицата со хендикеп до пазарот на трудот

Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија заедно со своите партнери, здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина го реализираше проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој е поддржан од Европската Унија и Р. Македонија преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.

Во рамките на проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ главниот фокус се постави на вештините и правата на лицата со хендикеп за да можат активно да учествуваат на отворениот пазар на трудот.

Преку серијата на публикации кои се дел од проектните активности лицата со хендикеп ги надоградија своите знаења за правата кои ги имаат при вработувањето но, и за потребата од различни видови на знаења кои се соодветни за работните места.