Работна средба со претседателот на државата – Стево Пендаровски
Претставници од Полио Плус, на 05.02,2021 година беа на работна средба кај Претседателот на државата Стево Пендаровски. На средбата беше потпишан меморандумот за соработка помеѓу претседателот Стево Пендаровски и Полио Плус. Со меморандумот, и двете инситуции се согласија за поголема и поконтинуитрана институционална соработка, координација и преземање на за заеднички работи со цел унапредување на правата на лицата со оневозможеност во државата. Воедно на средбата беше акцентирана и потребата од поголема видливост и промоција на ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
„Лицата со попреченост се рамноправни граѓани. Мора да се потрудиме повеќе и да овозможиме еднакви можности и учество во сите општествени процеси. Претставниците на Полио Плус ја нагласија потребата од поголема инклузија на лицата со хендикеп во општеството во целина. Потребна е поголема институционална и финансиска поддршка.
Меморандумот за соработка којшто како Кабинет го потпишавме со Полио Плус – движење против хендикеп, ќе ја унапреди заштитата и промоцијата на нивните права. Да бидеме солидарни и да си помагаме, недозволиво е да има категорија на граѓани на маргините во едно општество„ – изјава од Кабинетот на Претседателот.