Работилница со Парламентарен Институтт

Работилница со Парламентарен институт

На 08.02.2021 г. Полио Плус – движење против хендикеп, со поддршка од Вест Минстер Фондација за Демократија и во соработка со Парламентарниот Институт и службата од Парламентот одржаа работилница на која беа презентирани наодите од Анализата за практиките на парламентите во однос на имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

Покрај анализата на средбата се дискутираше и за Стратегијата 2021 – 2023 која Парламентарниот Институт ја изготвува, а во насока на нејзино приближување кон обврските кои произлегуваат од Конвенцијата за правaта на лицата со хендикеп и обезбедување на поголема отвореност на Парламентот кон заедницата со хендикеп.