Полио Плус на регионалната средба со ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп
На 25.02.2021 Полио Плус – движење против хендикеп зеде учество на регионалните консултации што ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп ги организира со лицата со хендикеп и организациите. Консултациите беа дел од процесот на изготвување на Насоки за правото на лицата со хендикеп на независен и самостоен живот и нивно вклучување во заедницата (член 19) и како да се обезбеди усогласеност на процесот на деинституционализација со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, вклучително и во вонредни услови (член 11), како што е КОВИД-19 пандемијата. На оваа средба Полио Плус зеде активно учество со Изјава за состојбата во државата и даде препораки за обезедување на правото на независен и самостоен живот во државата согласно член 19 а во линија со член 11 од Конвенцијата за правата на лицата со хендкеп. Паралелно организацијата даде и препораки препораки за натамошно спроведување на процесот на деиснтитуционализација.