Средба на Државниот инспекторат за локална самуправа со Полио Плус

Државниот инспекторат на локална самоуправа на средба со Полио Плус

На 04.02.2021г.  во просториите на Полио Плус остваривме средба со Директорот на Државниот инспекторат на локална самоуправа г.дин Сенад Амети и неговите соработници г-дин Јонуз Фејзула и г-дин Сали Мустафа. На задничката средба се посочи дека мониторингот и надзорот на законитоста на прописите на општините, градот Скопје и општините во градот Скопје се од големо значење за заедницата со и без хендикеп.

ДИЛС и Полио Плус се договорија да ја зајакнат својата соработка и да покренат заеднички активности во следниот период во насока на унапредување на мониторинг рамка, како и за доследна имплементација на законите на локално ниво согласно обврските од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.