Работилница одржана со тема  Учество на лицата со попреченост во мониторинг на спроведувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост

Во рамките на проектот „Алијанса по прашање на хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ подржан од SMART Balkans програмата, финансиран од Норвешко министерство за надворешни работи тимот од Полио Плус на ден 10 Октомври 2024 почнувајќи од 10:00 до 15:00 часот одржа работилница/обука со цел за да ги зајакне капацитетите на организациите на лицата со попреченост како и граѓанските организации во процесот на мониторинг и спроведувањето на конвенцијата на правата на лицата со попреченост.

На оваа работилница учесниците го збогатија своето знаење на своите права наведени во конвенцијата, како и повеќебројните недоследностви во националното законодавство и конвенцијата и беа обучени за како да го надгледуваат процесот на спроведување на конвенцијата, и методи за активно делување на нејзино ефективно спроведување.