Прва политичка академија за лица со хендикеп

Во периодот од 05 – 09 март 2020 Полио Плус во Соработка со Вест Минстер Фондацијата за Демократија, ја организираа првата Политичка Академија за лица со хендикеп.

Преку интерактивен и инклузивен начин активистите со хендикеп преставници од политичките партии и индивидуалци со хендикеп имаа можност да ги прошират своите вештини и познавања за политичкото учество.

Идејата е преку оваа Академија да се оствари целосна имлементацијата на член 29 од Ковенцијата за правата на лицата со хендикеп и што е можно поскоро да видиме повеќе активисти присутни во политичката и јавната сфера.

Годишната програма на Полио Плус е поддржана од страна на Цивика Мобилитас.