слика за оглас

ЈАВЕН ПОВИКдо граѓански организации на лица со хендикеп за доделување грантови

Краен рок 16.04.2018

Проектот “Маргина Обсkура” имплементиран од Полио Плус, во партнерство со Агенција за соработка едукација и развој од БИХ (во натамошниот текст АЦЕД) отвора јавен повик до граѓанските организации на лица со хендикеп (ОЛХ) за доделување грантови.

Право на учество согласно критериумите за подобност имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации на лица со хендикеп што се регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик. 

Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 16.04.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Полио Плус- Скопје). Апликациите се доставуваат по електорнски пат до polioplus@polioplus.org.mk  .

Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. 

Минималната сума за која може да се аплицира е 100.000 ден, а максималната 300.000 ден.

Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат согласно насоките во упатството за апликанти

Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:.

• ФОРМУЛАР ЗА АПЛИЦИРАЊЕ << преземи >>
• ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  << преземи >>
• Предлог временска/ логичка рамка  << преземи >>
• Прилог документи согласно Програмата за доделување грантови и упатство за аплицирање  << преземи >>
ПРАШАЊА И ОДГОВОРИ (FAQ) << прочитај >>

Инфо сесиите ќе се одржат на:

  • 26 март 2018 во 13.30 часот во просториите на АРМ во Струмица  <ГАЛЕРИЈА>
  • 27 март 2018 во 11.00 часот во ресторант Принц во Тетово <ГАЛЕРИЈА>
  • 29 март 2018 во 14.00 часот во просториите на Здружението на лица со церебрална парализа во Велес <ГАЛЕРИЈА>
  • 02 април во 12.00 часот во Хотел Порта во Скопје<ГАЛЕРИЈА>

Се замолуваат организаиите на лица со хендикеп да го проследат овој повик до сите заинтересирани организации на лица со хендикеп.