од обуката Комуникација – достапна за различните

Подигнување на капацитетот на политичките партии по основ на прашањето на хендикеп

Полио Плус – движење против хендикеп со поддршка од Вест Минстер Фондација за Демократија ги започнаа активностите кон подигнување на капацитетот на политичките партии по основ на прашањето на хендикеп.

Во периодот од 14 – 16 ти Февруари 2020 во Хотел Меркур, Тетово се одржа третата по ред обука посветена на „Комуникација – достапна за различните“. Преку обуката претставниците на политичките партии се стекнаа со познавања како нивните кампањи можат да го отсликаат пристапот кон човекови права кон заедницата со хендикеп. 

Годишната програма на Полио Плус е поддржана од страна на Цивика Мобилитас.