20та сесија на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп
Претставник од Полио Плус – движење против хендикеп учествуваше на 20 – та сесија на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп каде се оценуваше имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп од страна на Р. Македонија.
На дводневната сесија беа оценувани граѓанските и политичките права но и економските и социјалните права за граѓаните со хендикеп согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Во прилог следат дел од забелешките на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп на македонски јазик:
“….. Во дијалогот што следеше, Експертите на Комитетот го поздравија основањето на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата бидејќи може да послужи како мост меѓу Владата и Националниот совет за лица со попреченост, сепак неговиот состав и мандатот не се во согласност со одредбите на Конвенцијата.
Има потреба од усвојување на социјалниот модел по прашањето на хендикеп и целосно да се опфати инклузивното образование, вклучително и воспоставувањето на потребните системи за поддршка, како што се обука за наставници, програми за рана интервенција и сеопфатен патоказ за едукација на децата со хендикеп во редовното образование…..”.
“…..Особено загрижувачки е фактот дека системот на старателство продолжува да преовладува како замена на донесување на одлуките и властите продолжуваат да го ограничуваат, па дури и да ја негираат целосната деловна способност на лицата со хендикеп. Има потреба од континуирано и систематско образование на законодавците за одредбите на Конвенцијата во врска со пристапот до правдата, додека државата треба да воведе мерки за афирмативна акција за промовирање на учеството на лицата со хендикеп во процесите на донесување одлуки на сите нивоа на државата……”.
Дел од интерактивниот дијалог меѓу Комитетот и делегацијата на Р. Македонија е објавен на следниов линк.