Полио Плус на средба со премиерот Зоран Заев
На 30- ти јули 2018, преставниците на Полио Плус остварија средба со Премиерот на Република Македонија г-дин Зоран Заев и координаторот во службата за односи со јавноста г-ѓа Елена Ласло.
На едночасовната средба меѓусебно се информиравме за актуелната состојба на лицата со хендикеп во државава и стана збор за начините на кои Полио Плус може да се вклучи во напорите на Владата на Р.М во претстојниот процес на усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ. Заеднички заклучивме дека:
- Ресурсите на Полио Плус се важен придонес и мора да се искористат за усогласување на системот на заштита на лицата со хендикеп во Р.М. согласно Конвенцијата на ООН за правата на лицата со хендикеп;
- Полио плус да стане дел од тимот во т.н. “скрининг процес” на ЕК во Р.М. особено во поглавјето 23, а следствено и во поглавјето 19;
- Полио Плус, како организација, да ги стави своите капацитети во советодавниот тим на Премиерот;
- Конечно, заклучивме дека распределбата на средствата од добивките на среќа кон организациите на лицата со хендикеп мора системски да се реформира, со што ќе се овозможи поголема транспарентност и целисходност на доделените пари.
На средбата беа зачнати и редица други прашања од нашава област на делување и се договоривме подетално да ги разаботиме на следниот состанок, како возвратна средба на Премиерот во Полио Плус.