Јавна дебата со тема на застапување на политики за постигнување усогласеност во законодавството со Конвенцијата на правата на лицата со попреченост

Во рамките на проектот „Алијанса по прашање на хендикеп за развојни и инклузивни реформи во регионот“ подржан од SMART Balkans програмата, финансиран од Норвешко министерство за надворешни работи тимот од Полио Плус на ден 24 Декември 2024 одржа јавна дебата со цел да се вмрежат државните службеници и представниците на организациите на лицата со попреченост и да се дискутираат потребите на лицата со попреченост и потребните промени за да се постигне нивна целосна инклузија во секој сегмент од јавниот живот.

На оваа дебата се презентираа наодите од извештаите Усоглсеноста на Националното законодавство на Република Северна македонија со Конвенцијата на правата на лицата со попреченост, како и Извештајот на Препораки за хармонизација на конвенцијата на правата на лицата со попреченост со националното законодавство, со цел да се воочат проблемите и потребните промени во законодавството за да се подобри пристапноста на лицата со попреченост.

По презентацијата на главните наоди се јави тематска дискусија за потребните промени како и нивната имплементација за постигнување на заедничка цел, целосно овозможување на човековите права на лицата со попреченост.