Еден од столбовите на Стратегијата на Полио Плус е овозможување на независен живот на лицата со хендикеп без дискриминација. Овој столб освен промоција на концептот за независно и достоинствено живеење, како и креирање на сеопфатна кохерентна политика во однос на регулаторните механизми за сервиси за поддршка на лицата со хендикеп, што е отелотворен во член 19 кој има за цел да придонесе не само во заштита на индивидуалните човекови права туку и за постигнување на поширока општествена цел – промени во определени дискриминаторски однесувања и практики, како и можни измени на правната и институционалната рамка, со цел намалување на нееднаквоста и дискриминацијата во општеството.

Во таа насока покрај процесот на хабитација, активностите на Полио Плус се насочени кон зајакнување на самодовербата кај лицата со хендикеп за независен живот преку советување и правна поддршка во остварување на нивните права. Овие совети и правната помош, можат да бидат основа и за покренување на случај за  стратешко застапување.

Во процесот на обезбедување на индивидуална правна помош и советување за граѓаните со хендикеп и нивните семејства, според досегашното искуство, во најголемиот број случаи станува збор за остварување на различни права од сферата на социјалната заштита, помош при склучување или раскинување договори за работа, обезбедување информации за надлежностите на јавните установи и сл. Со оваа услуга постои можност за алармирање за индивидуални случаи, за сторени неправди и повреди на правата на поединци со хендикеп.