Полио Плус – движење против хендикеп во рамките на проектот Маргина Обскура, поддржан од страна на Европската Унија , организираше информативни сесии за сите заинтересирани страни.
Во периодот од 26 март – 02 април 2018 се оддржаа одделни информативни сесии во Струмица, Велес, Тетово и Скопје.
На овие инфо сесии беа оддржани презентации со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик. На настаните беа дискутирани важни информации за самиот повик, условите и начинот на аплицирање, критериуми за избор на евалуација и други важни прашања. .