Mobirise Web Site Maker

ИМЕ СИ Е ИМЕ

Денешната терминологија со која се означуваат „лицата/ граѓаните со хендикеп" не е само збир на имиња за навидум очигледна биофизичка и психо-социјална состојба на поединци, а уште помалку е плод на примена на вредносно неутрални, точни, објективни методи, техники и теории. 


Модерниот медицински и дефектолошки дискурс постојано не уверува во реалноста на попреченоста, инвалидитетот, посебните потреби и потребата од стручна интервенција за „последиците“ од таа состојба за да помогнат да се намалат тегобните последици врз животите на граѓаните со хендикеп. 

Креирањето на нови термини, дијагнози и изрази достигнува незамисливи размери во индустријата и пазарот на лицата со хендикеп, како во светот така и кај нас, во Р. Македонија. 

Во природата на состојбите нема сомнеж за означеното терминолошко тројство бидејќи до нив најверојатно се дошло благодарение на моќта на емпириската наука, тој врховен суд на вистината, знаењето и реалноста.


Таквата практика, како дел од општеството, доведува до видливи последици со кои секојдневно се соочуваме како „граѓаните со хендикеп“, од класификација / категоризација, преку умножување на сите видови нормализирачки и контролирачки термини, до сегрегирачки мерки и еутаназија на нашите животи.  

Модерните општествени науки во поединечни делови од нивната работа покажуваат неверојатна упорност во одбраната на фундаментализмот зад кои често (не)вешто се крие интересот на моќните елити да се задржат односите на нееднаквост преку „научна" контрола на потчинетите класи (читај : нивна маргинализација, односно отстранување од теренот каде се одвива немилосрден натпревар резервиран за избраните - способни, конкурентни, продуктивни, профитабилни, а со тоа и корисни членови на општеството).


Феноменот хендикеп е политика и политичко прашање. 

Хендикепот не произлегува од постоењето на оштетување, туку од реалноста на создавање на општествените кодови, образовните практики, стереотипи, лоши службеници (судии, администратори, старатели) и игнорирање на угнетувањето кое доведува до тоа некои луѓе да се соочат со дискриминација, додека другите ги користат таквите акти на дискриминација.  

Идеолошките и политичките димензии на современата класификација се неизбежни, бидејќи постои јасна врска помеѓу доминантната социјална структура, доминантната идеологија и начинот на кој општеството ги третира своите „девијанти" (Оливер, 1990: 43), при што „ отфрлањето на политичката и социјалната конструкција на хендикепот е само политичко и социјално дело“ (Давис „Раѓање на клиниката“, 1997: 9).

ИМЕ СИ Е ИМЕ


А ти, го знаеш ли моето име?

Не мислам баш на моето име

нити што мислам јас за себе

Туку знаеш ли како ме викаат мене?

Тешко се разбира,

Ама лесно се препознава

Тоа е нешто

како несовршен или безвреден

нешто расипано, засмрдено

дефектно и неупотребливо

Тоа и не е име мое

Ама е слично на името твое

Ти незнаеш како ме викаат мене ама јас знам како те викаат тебе

Твоето име личи на нагалено, ама недораснато

Испросено и позајмено

Личи на исконско, ама измачено

Наместо име преводи разни

Наместо почит, зборови празни\

Нема ни смисла, нема ни мисла

Ниту пак Правда некаде има!

А има,

грст земја, За усти празни

Има , ископани очи,

Со вилици разни

Има, има, има,

Има и јазик пресечен на пола

Како и уши полни со смола

Незнаењето е благослов!

Ама гледај,

знаат, а неправди редат

Очи вистини им зборат

а мирно си седат

И никаде нема да води

И никој нема да најде

Како без мирис те следам

И без очи те гледам

И ништо нема да се знае

Ништо нема да го има

Ако си спијам јас без уво и без јазик те слушам глуво.

Еве гледаш твоето име

Како да ми е презиме

Има и рита, има и рима

Гледаш и јас сум македонче

АМА И ТИ ИНВАЛИДЧЕ!


Светото тројство 

Во македонскиот богат речник на поимувања, кои за жал не можете да ги најдете во македонскиот лексикон, за граѓаните со хендикеп, покрај различните озаконети терминологии, во последните години се поактулно е присуството на терминот „ попреченост“, како некој превод на мегународниот термин „disability“. 


По секоја логична нишка, преводот би требал да биде оневеозможеност, но нашите експертко аналитчни научници погледот го свртеја кон попречност. 


Во македонскиот речник, поимот попреченост го нема. 

Постои терминот попречен/на , што посочува дека нештот е поставен/ на / преку - попреку. Исто така постои терминот попречи – што посочува на нешто кое го спречило лицето, да преземе дејство. 


За разлика од различните пристапи, Конвенцијата јасно посочува дека не се занимава со болестите на луѓето. И нивните права во никој случај не треба да поврзуваат со болестите или здравствената состојба. 


Напротив самата Конвенција укажува на динамичниот развој и состојбата на граѓаните со хендикеп е општествено креирана состојба во која цело едно малцинство е сместено на маргините на општесtвениот развој. 


Ова незначи дека здравствена состојба на лицето е неважна. Напротив, на оваа карактеристика треба да се гледа како и на останатите карактеристики на индивидуата (какошто се полот, расата, етничката припадност, верата, социо економскиот статуст, државјанството итн) кои го обликуваат идентитетот на секој човек/ индивидуа.


Причините зошто одредни граѓани се наоѓаат во состојба на хендикеп можат да бидат различни, и тука болеста не е единствен причинител. Постојат голем број на фактори, причинители и носители кои се директни причинители за тоа, почнуваќи од самата поставеност на инструментите на моќ во едно општество. 


За појаснување, поаѓајќи од конструираниот системски код на класифицирање на СЗО:

  • пречка претставува секое губење или абнормалност на психолошки, физиолошки или анатомски структури или функции ;
  • оневозможеност претставува секое ограничување или отсуство (на способност за извршување на една активност на начин или во рамките на она што се смета за нормално за едно човечко суштество;
  • хендикеп претставува куршлус, за одредена индивидуа, која го органичува или оневозможува извршувањето на една улога која е нормална за таа индивидуа (зависно од возраста, полот и општествените и кутурните фактори).


Најмалку што може да се направи во овој момент е да зборуваме за граѓаните со хендикеп, не за попреченоста. Прво, на овој начин ќе се престане со атрибутивна примена на едно својство како лична сопственост на поединецот, кој се чини дека е длабоко вкоренето во неговата лична и биофизички структура и претставува суштина на неговиот идентитет. 


Второ, хендикепот е процес кој се одвива надвор, во културата и општеството, и укажува на пречките кои произлегуваат од природата на општествената структура и неговата надградба, а не од ограничувањата на поединецот. 


И трето, искуството на хендикепот може да биде поврзано со осуетување на потребите и личен развој врз основа на која било разновидност - биолошка, психолошка, социјална, класна, етничка, религиозна, политичка и друга - која за владеачките структури е причината за дискриминација. 


Со тоа „граѓаните со хендикеп“ се оттргнуваат од медицинско-рехабилитационите одговорности, а „хендикепот" од биолошка сфера преминува во сферата на морално-социјалната и политичка проблематика. 


Но, тука замрсениот проблем со терминологијата не се решава, тука тој продолжува во полна жестина, бидејќи потенцијално атрактивниот израз „лице со попреченост" „ инвалидни лица, лица/ деца со посебни потреби, лесно може да падне во вода со фактот дека тој доаѓа од „непопречените луѓе“, неинвалидните луѓе, и класата без посебни потреби! 


Во таа насока треба да се посочи дека дискурзивните промени не се свет сам по себе, свет кој е изолиран од социо-културните односи и процеси. Тоа изискува сериозни реформи. Ако се остане само на декларативни заложби, нема да се случи значаен пресврт во животот на „лицата со хендикеп“. Таквите реформи треба да бидат доказ за организирана, свесна политичка акција која е покрената и поддржан од страна на сериозни мулти и интердисциплинарни (првенствено социолошки, културно-антрополошки и филозофски) критички анализи на постојните односи и состојби во културите и општествата кои се домининантни кај „непопречените“.


Според тоа, хендикепот зависи од односот на лицето со околината. Хендикепот е очигледен кога тие лица се среќаваат со културни, материјални или општествени бариери, негирајќи им пристап до цела редица услуги и можности кои се достапни за нивите сограѓани. Така хендикепот подразбира губење или ограничување на можноста да се учествува во животот на заедницата на рамноправна / еднаква основа со другите.


Оштетувањето, оневозможеноста и хендикепот се само дел од богатата палета на општествените апстракции. Овие термини се, всушност, категории на мислењето или начини на класифицирање на луѓето во служба на една идеологија, а не се некакви ознаки за реални и независни ентитети. 

Еднаш создадената илузија дека тоа се само имињата за реалната психо-физиолошка структура и процес, радикално го менува ставот на научната и лаичката јавност кон склопот на човековата различност, создавајќи од него предмет за организиран институционален третман. 


Епитемолошки автономија на таквата социо-културна конструкција како суперструктура и овозможила да почне сопствен живот, да се појави како сила која е независна од човечкиот субјект и околу која се собираат нови професии,и се создава нов пазар, а со тоа и да воспостави хегемонистички односи на моќ во кои се топи идентитетот на огромен број на човечки суштества, претвораќи ги граѓаните со хендикеп во ништовни. 


Различни постпарадигматски струи во социјалните и хуманистичките науки со право укажуваат на улогата која јазикот/дискурсот ја има при реализацијата на стварноста. Оваа статија тргнува од претпоставката дека хегемонијата, опресијата и односите на моќ вткаени во привлечни наративни форми преку кои научниците (несвесно) ја легитимираат статусната хиреархија и материјалните разлики, што е особено изразено во еден вид на хуманистички диверзитет на кој најчесто му се припишува атрибутот попреченост или инвалид. 

Излезот мора да се бара во повикувањето на „реформите одозгора надолу“ – демедикализација на постоечкиот концепт за хендикепот и соодветниот терминолошки апарат со „реформи одоздола нагоре“, односно темелни промени во самото општество и тоа по пат на политичка акција.