Mobirise

Конвенција за правата на лицата со хендикеп и опциониот протокол 

Лицата со хендикеп го сочинуваат најголемото и најпотценуваното малцинство во светот. 
Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и нејзиниот опционен протокол (A/RES/61/106) беше усвоена на 13 декември 2006 година во седиштето на Обединетите Нации, и истата беше отворена за потпишување на 30 март 2007 година. Во моментов 172 држави ја имаат ратификувано Конвенцијата додека само 92 земји го имаат ратификувано и опциониот протокол. 
Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп, претставува пресвртница во меѓународните договори. Конвенцијата е сеопфатен развоен меѓународен документ за човековите права на граѓаните со хендикеп
Стапувањето на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и нејзиниот Опционен протокол во сила, го обележа почетокот на новата ера во заложбите „да се промовира, заштитува, и да се обезбеди целосно и еднакво уживање на сите човекови права и слободи за сите лица со хендикеп, и да се промовира почитување на нивното вродено достоинство“. 

Коментари на Комитетот при ОН за правата на лицата со хендикеп


General comment No. 1 (2014)

Еqual recognition before the law

 

General comment No. 2 (2014)

Article 9: Accessibility

 

General comment No. 3 (2016)

On women and girls with disabilities


General comment No. 4 (2016)

On the right to inclusive education


Судска Пракса  

Учеството на Македонија во изработката на ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп
Кога се усвојуваше и донесуваше седмата по ред Конвенција на ООН, посветена на унапредувањето на правата и достоинството на лицата со хендикеп, Полио Плус учествуваше во работата на III (мај 2004), и на VI Ад-хок комитет (август 2006), како експерт, и единствен претставник на Рапублика Македонија. 
Претставниците на Полиот Плус во текот на сесиите при изработката на самата Конвенција дадоа две интервенции кои беа прифатени и се од сегашната содржина на самата Конвенција. 
Кампања за ратификација на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп
Од 2006 до 2011 година, активистите на Полио Плус активно беа вклучени во притисокот на Владата на Р. Македонија да ја ратификува Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. Беа преземени серија на активности. Во нашиот притисок врз Владата на Р. Македонија се приклучија различни актери и чинители, како и пратениците- членови на Интер партиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп.