Site Maker

Национално Собрание на Организации на лица со хендикеп

Креатор на промени за достоинствен живот на лицата со хендикеп

За Нас

Националното собрание за правата на лицата со хендикеп е неформална мрежа на организации на лица со хендикеп. Таа е составена од лица со хендикеп и родители на деца со хендикеп покриваќи ги сите области на прашањето на хендикеп, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.  

Националното собрание на организации на лица со хендикеп е мрежа од 11 организации на лица со хендикеп и организации на лица и деца со хендикеп водени од родители на деца со хендикеп. 

Камен-темелник на нашата работа е Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ). 

Нашата задача е да ја промовираме и да се залагаме за ефикасна и целосна имплементација на КПЛХ, преку активно и координирано вклучување на организациите на лица со хендикеп на национално, регионално и меѓународно ниво.  

Составен дел на работата на Националното собрание е да биде гласноговорник кој ќе ги артикулира правата на лицата со хендикеп да промовира инклузивен, одржлив развој во согласност со КПЛХ и имплементација на индивидуалните и колективните права на граѓаните со хендикеп. 

Вредности

- Почитување на суверенитетот на сите организации-членки како и препознавање на нивнита експертиза во областа на делување;

Промоција на капацитетите на организациите членки во интерес на своите членови 

- Следење на демократското владеење обезбедување на транспарентност, одговорност, отчетност и целосна консултација со организациите членки;

- Промвирање на принципот на солидарност и еднаков третман на сите членки на национално и локално ниво;

 Обезбедување на лидерство на лица со хендикеп преку нивните организации во сите одлуки кои влијаат врз нивните животи;

Нашата Визија 

Општество во кое сите лица со хендикеп учествуваат целосно како еднакви граѓани.

Нашата Мисија

Националното собрание на организациите на лица со хендикеп е мултиетничка, мултиконфесионална граѓанска платфрома на организации на лица со хендикеп, креатор на промени за достоинствен живот и унапредување на човековите права на лицата со хендикеп како обединет глас, согласно КПЛХ.


ЧЛЕНКИ

НА НАЦИОНАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП

Полио Плус- движење против хендикеп

Полио Плус е македонска мултиетничка, мулти конфесионална граѓанска организација на лица со и без хендикеп која работи на суштинско поврзување и целосно остварување на основните човекови права и слободи на лицата со хендикеп. Нашата мисија е јакнење на самодовербата на лицата со хендикеп и креирање на општество со еднакви можности за сите.

Здружение за церебрална парализа - Тетово 

Мисија на Здружението: Помош и застапување на лицата со церебрална парализа од тетовскиот регоин
Визијата на Здружението: Тетово - град со еднакви можности за сите лица со посебни потреби
Цели на Здружението: Помош на лицата со церебрална парализа како и на другите лица посебни потреби 

“ХЕНДИКЕП ПЛУС“

Мисијата на здружението е анимирање, активирање и организирање на ЛХ од една страна, како и на сите зинтересирани лица на целокупниот живот од друга страна, за сестрано и квалитетно подигање на начинот на размислување на секој случај пооделно како и нивно целосно и активно вклучување во севкупниот живот

Здружение на граѓани РЕСУРСЕН ЦЕНТАР на родители на деца со посебни потреби –Скопје

Визијата на Здружението е инклузија на децата и лицата со посебни потреби во сите сфери на заедницата, подигање на свеста на заедницата , прифаќање на децата и лицата со посебни потреби и воспоставување на систем на ефективна здравствена заштита за децата и лицата со посебни потреби.
Мисијата на здружението е да се етаблира како коалиција и да партиципира во сите платформи и коалиции кои се во интерес на децата и лицата со посебни потреби, која ќе ги обедини сите релевантни организации во Македонија кои се бават со проблематиката на децата со посебни потреби и која ќе овозможи гласот на сите заинтересирани поединци да биде посилен и попробивен.

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество - ИНКЛУЗИВА  

Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради унапредување на граѓанското општество и локалните заедници. ИНКЛУЗИВА е единствено здружение во Р.Македонија со сертифицирана програма на ISO 2015- 9001 за стандард на квалитет на услуги , по која работи и делува на создавање на услови за инклузивно општество преку активности и проекти со кои ќе се влијае лицата со попреченост и други ранливи групи да имаат еднакви можности за остварување и почитување на нивните човекови права.

Хуманитарно здружение на лица со хендикеп "ИЛИНДЕН" – Скопје

Здружението на граѓани и лица со хендикеп Илинден од Скопје е доброволна, социјална и хуманитарна организација која делува на територија на град Скопје и Р. Македонија.
Програма:
-да дава помош на лицата со хендикеп и нивните семејства;
- да предлага мерки до надлежни органи стручни служби;
-да помага во набавка на ортопедски помагала, лекови и сл;
-да организира рехабилитација и одмор на лицата со хендикеп;
-да организира советувања и семинари и други активности кои спаѓаат во негова надлежност.

Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп, ретки болести и посебни потреби  
“ДАЈТЕ НИ КРИЛЈА“ – Скопје 

е невладина, непрофитабилна организација, формирана со доброволно здружување на граѓани. Основна цел и задача на здружението е едукација на сите возрасни нивоа за развивање на човековите вредности, следење и сервисирање на лицата со посебни потреби во подолг период, создавање на референтна база на податоци за лицата со посебни потреби и воведување на етаблирани методи и збогатување на понуди од техники на третирање на одделни физички и ментални дисфункции во Република Македонија.

Здружение на лица со церебрална парализа- Велес

Здружение на лица со церебрална парализа- Велес е непрофитна хуманитарна организација на лица со хендикеп и нивните потесни семејства. Постоиме од 1997 година, делуваме на територија на Општините Велес, Градско и Чашка. Нашата мисија е креирање на општество со еднакви можности, во кое сите лица со хендикеп ќе ги уживаат и остваруваат сите права од областа на социјалната и здравствената заштита и нивна итеграција во сите општествени текови.

ХУМАНИТАРНА АСОЦИЈАЦИЈА „ Светот на Дланка“ 

Делува на територија на градот Скопје и пошироко. Се грижи за членовите почнувајќи од нивното зачленување во здружението, преку упатување на школување, рехабилитација и нивно вработување, до остварување на нивните права со организација на општествено- културниот и спортскиот живот. Бидејќи станува збор за категорија на инвалидност која се одликува со многубројни посебности Асоцијацијата , со стручните, материјалните и другите услуги за членовите настојува да им помогне во надминувањето на нивните потешкотии.

Здружение за правата на лицата со хендикеп - Активен живот

Ова здружение е оформено за помагање на лицата со попреченост во областа на образувание, вработување, следење на праваата на лицат со попреченост спорт и друго.
Активен Живот не е ограничено здружение по статус Целта е да се има соработка во целост со граѓанските организаци како на ниво на Македонија, така и на мегународно ниво.

Здружение на инвалиди “Шпреса“

Мисијата на ЗИ “Шпреса“ е целосна инклузија на децата со попреченост на сите нивоа на редовното образование, оспособување на лицата со попреченост за вработување и придонес кон општеството и создавање на општествени пристапни услови за целосна интеграција на лицата со попреченост

ЗИП Чаир

Заштита на правата на инвалидските пензионери
Испомош при аплицирање за повластици во телефонија, комунални услуги, сообраќајот и во правниот промет. Испомош при барање на волонтерскиасистенти при домашни и надворешни услуги..

Марко Поло Експлорер

Здружението на родители на деца со Аутизам ”MarkoPolo-Експлорер” Битола, формирано е со цел да помогне за подобро и оптимално функционирање на личноста притоа помагајки на сите граѓани на Р.Македонија полесно да ги подобрат интерперсоналните односи , полесно да ги остварат своите цели,да ги искористат максимално своите можности и да креираат своја подобра иднина.

Центар за европска граѓанска иницијатива ЦЕГИ -Кочани

Основни цели на ЦЕГИ се: вклученост на лицата со попреченост, како и останатите маргинализирани групи, во сите сфери на општественото живеење, промовирање на идејата за човекови права и нивна поголема заштита, градење на стратегии на локално, регионално и национално ниво по европски принципи за зголемување на ефикасноста на секторите од јавен интерес, развивање на локалните заедници како трајни и привлечни средини за граѓаните Здружението делува во доменот на заштита на правата на лицата со попреченост, со посебен осврт на правата на слабовидни и слепи лица.