Web Page Builder

ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА

ВО ВРСКА СО ЈАВНИОТ ПОВИК до граѓанските организации на лица со хендикеп за доделување грантови

Дали може да аплицираат само ГО на лица со хендикеп или може да аплицираат други ГО кои имаат добар проект за лица со посебни потреби?

Одговор : 

Апликант може да биде само организација на лица со хендикеп, види 4.1. „Организација/здружение на лица со хендикеп е здружение/организација во кое мнозинството на членови се лица со хендикеп или преставници на лица со хендикеп кои не можат да се застапуваат самите себе и каде во управните структури и раководство се исклучително лица со хендикеп. Двата услова мора да постојат кумулативно;“

Другите граѓански организации можат да се јават само како партнери во проектот. 

Дали може да аплицирамe со активности кои ќе обезбедат опремување на дневен центар како работно катче или активности со кои ќе набавиме опрема и нишалки за децата со посебни поотреби?

Одговор

Согласно упатството за повикот за мали грантови, точка 5.1.2 во рамките на проектот не се прифатливи трошоци за набавка на опрема за работно катче, дневен центар или парк. .

Дали може индивидуалци / родитили на деца со церебрална парализа да аплицираат, еве мене ми треба средства за транспорт за детето да го носам на театар, училиште?

Одговор: 

Повикот е наменет само за организации на лица со хендикеп.

Дали може да аплицирамe со активности преку кои ќе набави техничка опрема на пр. проектор, компјутери и слично?  

Одговор:

Согласно упатството за повикот за мали грантови, точка 5.1.2 во рамките на проектот не се прифатливи трошоци за набавка на опрема, вклучувајќи и техничка опрема.

Дали може да аплицирамe со активности преку кои ќе се реализираат градежни активности?

Одговор: 

Согласно упатството за повикот за мали грантови, точка 5.1.2 во рамките на проектот не се прифатливи трошоци кои произлегуваат од градежни активности или купување на земјиште или објекти..

Што се подразбира под реализација на активности на локално или регионално ниво? 

Одговор : 

Согласно упатството за повикот за мали грантови, активностите опфатени со овој повик треба да се реализираат во локалната заедница, на општинско или регионално ниво. Притоа, грантистите не се обрзани да покриваат поголем или помал регион. Под поимот регионално ниво, не се подразбира согласно административната поделба на региони на Р.Македонија, туку според опфатот на дејствување и локацијата на организацијата. .