За Проектот - Kako do vrabotuvanje

Go to content

Main menu:

 
Лицата со хендикеп имаат право на работа и вработување, иако честопати се исклучени од отворениот пазар на трудот. Причините за исклучување од отворениот пазар на трудот најчесто се разновидни и се поврзани со немањето на можности за прилагодување на постоечките искуства и знаења на пазарот на трудот, непристапноста на работното место, предрасудите и слично.

 
Токму недостатокот на искуството и знаењето се едни од главните причини зошто лицата со хендикеп се сметаат за исклучени од пазарот на трудот, а со тоа отворениот пазар на трудот е недостапен за нив и не се во можност да го искористат своето право на работа.

 
Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија заедно со своите партнери, здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина започна со реализацијата на проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој е поддржан од Европската Унија и Р. Македонија преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.

 
Во рамките на проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ главниот фокус е поставен на вештините и правата на лицата со хендикеп за да можат активно да учествуваат на отворениот пазар на трудот.

 
Преку серијата на публикации кои се дел од проектните активности лицата со хендикеп треба да ги надоградат своите знаења за правата кои ги имаат при вработувањето но, истовремено и да се научи дека времињата се менуваат, а со тоа и потребите за видовите на знаења кои се соодветни за работните места. Затоа е потребно и понатамошно подобрување на знаењата со цел да се стекнат нови практични искуства кои ќе помогнат полесно да се пристапи до отворениот пазар на трудот.
ПОЛИО ПЛУС
Тел / факс: +389 2 2400 544
Адреса: Бул. Авној, бр. 64 локал 2, 1000 Скопје
е-пошта: polioplus@polioplus.org.mk
www.polioplus.org.mk.
ЛИНК МОСТАР
Тел / факс: +387 36580-151
Адреса: Бул. Национална револуција, бр. 55, 88000 Мостар, Босна и Херцеговина
е-пошта: info@linkmostar.org
www.linkmostar.org
Проектот „Пилот проект за пристап на лицата со хендикеп на пазарот на трудот“ е поддржан  од страна на ЕвропскатаУнија  
The project “Pilot project for access to the right to work for persons with disability” is funded by the European Union
Back to content | Back to main menu