Фотографија од јавна дебата

Заклучоци од Јавната дебатa

Организациите на лица со хендикеп, здружено и стратешки да иницираат промена на системот на финасирање на организациите на лица со хендикеп и дефинирање на соодветен модел за зголемување на процентот на финансиска поддршка од приходите на игрите на среќа и забавните игри и ја нагласија потребата од измени во Законот на игри на среќа и забавни игри.

  1. Организациите на лица со хендикеп, здружено и стратешки да иницираат промена на системот на финасирање на организациите на лица со хендикеп и дефинирање на соодветен модел за зголемување на процентот на финансиска поддршка од приходите на игрите на среќа и забавните игри и ја нагласија потребата од измени во Законот на игри на среќа и забавни игри.
  2. При дефинирање на постапката за распределба на приходите од игри на среќа и забавни игри и дефинирањето на критериумите да се земат предвид препораките на Комитетот за правата на лицата со хендикеп при Обединетите нации за тоа што претставува организација на лица со хендикеп, како и почитување на принципите на транспарентност, отчетност и целисходност во нивното трошење и да се овозможи среднорочно финасирање врз основа на повеќе годишни програми со долгорочни приоритети.
  3. Државата не смее да се самоeлименира од обврската за исполнување на својата улога во системот на социјална и здравствена заштита со тоа што преку средствата кои ги доделува на организациите, без никаква регулација, префла и дел од своите обврски (пример: Сојузот на телесни инвалиди во својот статут запишал и набавка на ортопедски помагала со парите што ги добива од државата. Но таквата набавка не смее да се врзува со членство бидејќи е во спротивност со правото на слобода на здружување што имплицира дека оние кои не се членови ќе останат без ортопедско помагало).
  4. Постоечкиот закон за инвалидски организации воведува заштита и монопол на само едни организации на лица со хендикеп. Потребно е целосно ревидирање во случај државата да донесе одлука за поддршка за формирање на фонд за поддршка на ОЛХ, во спротивно треба да се укине.
  5. Потребно е подобро информирање на организациите/ на лица со хендикеп за начините на финансирање на истите со цел обезбедување активно учество во процесите на креирање на политики.
  6. Не постои информираност на популацијата со хендикеп за критериумите и начинот на распределба на овие средства. Анализата која се спроведе над 1000 испитаници низ Македонија покажа дека 43,5 % лицата и родителите на деца со хендикеп сметаат дека средствата не се доволни, додека 45,5 % посочиле дека начинот на доделување на средствата од игрите на среќа и забавни игри не е транспарентен.
  7. Организациите на лица со хендикеп неопходно е што повеќе да работат со лицата со хендикеп и да се насочат кон креирање и спроведување на сервисите за поддршка за децата и лицата со хендикеп. 70,5 % од лицата и родителите на деца со хендикеп сметаат дека работата на организациите на лица со хендикеп не е добра, додека 56 % сметаат дека организациите на лица со хендикеп не ги претставуваат нивните интереси соодветно.
  8. Целта на финансирањето од приходи на игри на среќа и забавни игри треба да биде задоволување на општествените потреби во различни области на национално и локално ниво како што се: добро владеење, пристапност, образование, професионална рехабилитација, хабилитација, социјалната заштита, спортот, политички и граѓански права, култура, здравство и сл, а во линија со КПЛХ. За ова потребна е законска измена, односно донесување / изнаоѓање на ново законско решение за финансирање на организациите на лицата со хендикеп, со кое што ќе раководи агенција/ фонд или друго Владино тело.