Балканските лидери на организации на лица со хендикеп

Средба на балканските лидери на организации на лица со хендикеп во Македонија

Лидерите на организациите на лица со хендикеп од Балканската независна мрежа на почетокот на јули остварија средба во Македонија. На средбата на која што домаќин беше Полио Плус се разговараше за мерките и активностите кои треба да се преземат со цел да се унапредат правата на лицата со хендикеп и акциите кои би воделе кон доследно спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

Покрај размената на искуства и активности, лидерите на движењето на лица со хендикеп ја акцентираа потребата од поактивно залагање на организациите на лицата со хендикеп во регионот за остварувањето на правото на глас на граѓаните со хендикеп. Во оваа насока се дискутираше и за можноста за организирање на регионална средба на која би учествувале различни чинители од Балканот и Европската унија. Воедно беше посочена соработката со ОБСЕ и ОДИХР, како сојузници во остварувањето на политичките права на лицата со хендикеп.