фотографија од работилница Човекови права на лицата и рефлексии за вработување

Работилници

На 15 и 16 фебруари 2017 во Хотел Порта, Здружението ЛИНК, Мостар од Босна и Херцеговина и Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија одржаа две (2) работилници.

Овие работилници се дел од проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој е поддржан од Европската Унија и Р. Македонија преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013. Временскиот период на спроведување на активностите е 12 месеци.

од работилница Човекови права на лицата и рефлексии за вработување

Тема на првата работилница беше „Човекови права на лицата и рефлексии за вработување“, а на втората „Споредба на законодавството на БиХ и Македонија со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп“.

Целта на работилниците беше да се претстави концептот на вработување и правото на работа за лица со хендикеп како суштествен елемент насочен кон поддршка на фундаменталното човеково право на лицата со хендикеп на независен живот. Овие работилници овозможија и пренос на знаењата од Босна и Херцеговина и нивниот систем за вработување на лицата со хендикеп.

од работилница Споредба на законодавството на БиХ и Македонија со Конвенцијата на ОН за правата на лицата со хендикеп

Дополнително, на овие дводневни работилници детално се разработи поимот и концептот на вработување и правото на работа за лицата со хендикеп, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН; се овозможи компаративен преглед на законодавствата на Македонија и БИХ; се дефинираа препреките при остварувањето на ова право и се дадоа предлози на акции и мерки кои би воделе кон унапредување на правото на работа на лицата со хендикеп во Р. Македонија и поефективна имплемнтација на членот 27 од КПЛХ.