4. Western Balkans Disability movement for EU Integrations

Western Balkans Disability movement for EU Integrations

Регионален проект кој се имплементира во 5 земји на Балканот преку регионалната мрежа на организации на лица со хендикеп,  Balkans Independent Disability Framework и кој има за цел на проектот е да ​​придонесе кон демократскатата стабилизација и пристапување на земјите од Балканот во ЕУ преку зајакнување на учеството на граѓанското општество во процесите на донесување одлуки и креирање политики на сите нивоа на влада.

Специфични цели се зајакнување на независна регионална рамка на организации за хендикеп  за усогласување и следење на националните законодавства согласно Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Европската стратегија за попреченост 2010-2020 и рамката за резултати наведени во Упатствата за ЕУ поддршка на граѓанското општество во земјите за проширување 2014-2020 година.

Проектот има 3 компоненти:

  • Компонентата 1: Промовирање на интеграција на механизмите за саморегулација преку подготовка на извештаи за усогласеност и усогласување на законодавството;
  • Компонентата 2: Поттикнување на соработка и партнерство меѓу ГО и националните влади преку подготовка на упатства и препораки за усогласување на законодавството со КПЛХ на ООН;
  • Компонентата3: Промовирање на ефикасно застапување за политика, надзор на владата, отчетност и транспарентност преку формирање парламентарни групи за лобирање во 5 земји на проектот.