UN WOMAN
Проектот „Спречување на родово-базирано насилство и дискриминација меѓу лицата со попреченост од јавната установа Бања Банско“ е дел од заедничкиот проект „Градење на локален модел на деинституционализација” спроведуван од страна на 4-те агенции на Обединети Нации во земјава: UN Women, UNFPA, UNICEF и UNICEF.
Целтта на проектот е продлабочување на разбирањето поврзано со независното живеење на лицата со попреченост, стекнување на знаења и вештини за превенција на стигмата, дискриминацијата и насилството врз лицата со попреченост; унапредување на знаењата кај локалните даватели на услуги за правата на лицата со попреченост, како и зајакнување на партнерството помеѓу лицата со попреченост, персоналните асистенти и давателите на услуги.
Посебен фокус е ставен на меѓусебната соработка на лицата со попреченост, персоналните асистенти и локалните даватели на услуги во Струмица при справување со случаи на дискриминација и родово засновано насилство, како и идентификување на потребите на давателите на услуги за поуспешна поддршка на лицата со попреченост од ЈУ Бања Банско.