ЦИВИКА МОБИЛИТАС ИНСТИТУЦИОНАЛЕН ГРАНТ ЦМ-ИНС-04
Следејќи ја својата стратешка програма П+ има за цел да покрене иницијативи насочени кон унапредување на правниот систем, преку хармонизирање и усогласување на домашното законодавство со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ), иницирање на систем на политики и програми за операционализирање на КПЛХ национално и локално ниво; зајакнување на работата на Интер партиската парламентарна група за правата на ЛХ(ИППГ).
Активностите поддржани преку програмата на Цивика Мобилитас ќе придонесат кон спроведување на мерката 5,6, 21 и 23 од Стратегијата за соработка на Владата и развој на ГС од аспект на организациите на лица со хенидкеп (ОЛХ), како и поддршка при спроведување на стратегиите за соработка и развој на граѓанскиот сектор со акцент на ОЛХ на локално ниво.
Специфичните цели на овој проект се:
- унапредување на правниот систем, преку хармонизирање и усогласување на домашното законодавство со Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп
- зголемено вклучување на лицата со хендикеп во работата на организацијата како и вклучување на прашањето на хендикеп во работата на ГО
- преку граѓанска партиципацијада се придонесе поврзување и вмрежување на ЛХ со други чинители и актери од општеството, како и застапување за вклучување на прашањето на хендикепот во главните текови (mainstreaming) како во јавниот, приватниот така и во граѓанскиот сектор
- создавање на подинамично граѓанско општество преку зајакнување на капацитетот и соработката на ОЛХ преку Националното Собрание на ОЛХ и поттикнување на нивно поврзување со регионалната балканска мрежа на ОЛХ и
- зајакнување на самодовербата кај лицата со хендикеп за независен живот преку советување и правна поддршка во остварување на нивните права