ПИЛОТ АКТИВНОСТИ КОН ПРИСТАПОТ ДО ПРАВОТО НА РАБОТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ВО МАКЕДОНИЈА - Полио Плус - движење против хендикеп

Margina Obscura Прашањето на хендикеп во пристапувањето кон ЕУ
Центар за вработување на лица со хендикеп
English
Macedonian
Go to content

Main menu:

ПИЛОТ АКТИВНОСТИ КОН ПРИСТАПОТ ДО ПРАВОТО НА РАБОТА НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП ВО МАКЕДОНИЈА

Новости
 
Лицата со хендикеп имаат право на работа и вработување, иако честопати се исклучени од пазарот на трудот. Причината за исклучување најчесто е поврзана со непристапноста на работното место, предрасудите, немањето на можности за прилагодување на постоечките искуства и знаења на пазарот на трудот со што лицата со хендикеп истовремено се и социјално исклучени.
 
Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија заедно со своите партнери, здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина на 14 фебруари 2017 во Хотел Порта го обзнанија проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“.
Проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ е поддржан од Европската Унија и Р. Македонија преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013. Временскиот период на спроведување на активностите е 12 месеци.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 70 преставници на институциите, граѓанските организации кои работат со лицата со хендикеп, приватниот сектор, организациите на лицата со хендикеп но и лица со хендикеп кои се директно засегнати.

Присуството на повеќе од 20 преставници на медиумските куќи во Република Македонија и емитуваните 12 прилози за проектот и планираните активности само го потврдија фактот за неопходноста од реализација на прокетните активности кои треба да придонесат кон подобрување на пристапот на лицата со хендикеп кон признаеното  човеково право на работа во Македонија и вклучување на лицата со хендикеп при вработувањете и самовработувањете, а со тоа и нивно активно вклучување на отворениот пазар на трудот во Република Македонија.
Внеси го бараниот поим
+389 2 2400 544
ПОЛИО ПЛУС
Бул. АВНОЈ бр.64, Лок.2
1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Европска Унија
Back to content | Back to main menu