Од зборови кон акција - Национална платформа на организации на лица со хендикеп - Полио Плус - движење против хендикеп

Margina Obscura Прашањето на хендикеп во пристапувањето кон ЕУ
Центар за вработување на лица со хендикеп
English
Macedonian
Go to content

Main menu:

Jавна дебата на тема: „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот“

Новости
Одржана на 06.07.2018 (петок) во Хотел Порта Полио Плус jа организираше јавната дебата на тема „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот“ како дел од проектот „Margina Obscura“, кој е поддржан од страна на Европската Унија со цел да се отвори прашањето за целисходноста на распределбата на средствата од игрите на среќа и забавни игри, како и да се донесат заклучоци кои ќе и помогнат на државата да создаде еден нов модел на финансиска поддршка на организациите на лица со хендикеп. На конференцијата учествуваа претставници на Националниот сојуз на инвалидски организаци, преставници на Националното собрание на организации на лица со хендикеп од Македонија, претставници на Балканската мрежа на организации на лица со хендикеп, пратеници на Собрание на Р. Македонија, пратеници - членови на ИППГ (Интер партиска парламентарн група за правата на лицата со хендикеп), како и експерти од граѓанското општество и медиуми. Средбата ја отвори заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар. Во своето излагање ја поздрави иницијативата на оваа дебата и посочи дека „интенцијата на Министерство е во иднина средствата да се користат наменски, да опфатат поголем број на организации а се со цел унапредување на правата  и условите на лицата со попреченост“. Во воведниот дел пред присутните се обрати и г- дин Александар Кржаловски, извршен директор на Македонскиот Центар за меѓународна соработка. Г- дин Суад Захировиќ – претседател на организацијата на лица со хендикеп „Лотос“ од БИХ ја потенцира потреба од единствен глас и повика на доследно спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп (КПЛХ) како и поддршка и распределба на овие средства за програми и проекти во согласност со КПЛХ. Воведниот дел го затвори г- дин Звонко Шаврески, претседател на Полио Плус – движење против хендикеп. Г- дин Шаврески кој посочи дека „државата никогаш не била транспарентна по тоа прашање што е повод за раздор меѓу самите организации“. Во експертскиот дел на средбата се обратија еминентни експерти од национално и регионално ниво. Имено, г-дин Славко Лазовски ги запозна присутните со системот на финаисрање и функционирање на лотариите, како и системот на распределба на средствата од игрите на среќа и забавни игри. Г- ѓа Емина Нурединовска – експерт, ги запозна присутните за постоечката ситуација во Македонија. Начинот и висината на средства кои во изминативе години се распределуваат од страна на државата. Г- ѓа Јулијана Климоска – програмски раководител во Полио Плус ги презентираше наодите од терен во поглед на довербата и размислувањата на лицата со хендикеп кон организациите на лицата со хендикеп.
Г- дин Суад Захировиќ на присутните има ја престави состојбата низ европските земји, при што посочи дека како ефикасен модел по ова прашње се покажа формирањето на фонд, по примерот на Шпанија, Словенија, Хрватска, Англија. Г- дин Душко Вучиќ - директор на Агенција за соработка, едукација и развој од БИХ ги запозна присутните за праксата во нашиот регион.
После експертските излагања од страна на присутните се отвори дискусија.
Присутните посочија дека корисник на средствата според досегашното решение се исклучиво седумте инвалидски организации, организации за заштита на жртви од семејно насилство, Црвениот крст и Агенцијата за млади и спорт. Тоа треба треба да се промени и да се обезбеди и можност за сите организации на лица со хендикеп (и останатите граѓански организации) за фер натпревар при распределувањето на приходите од игри на среќа и забавни игри. Сегашниот процент од 6% од приходите од игри на среќа и забавни игри наменет за различни групи (лица со хендикеп, млади, жртви на семејно насилство) треба да го достигне законски предвидениот лимит од 50% и да го прошири и опсегот на корисници (повеќе организации на лица со хендикеп и други ранливи групи).
Присутните го посочија како проблем дискутабилниот Законот за инвалидски организации.

На средбата се отвори и прашањето дали постоечките 7 организации ги исполнуваат условите наведени во овој закон. Ограничувањето на одредени т.н организции, има и дополнително ограничување, односно и законот и одлуката за критериуми, предвидува поддршка само на таканаречените национални сојузи на инвалидски организации, а не и на други организаци на лица со хендикеп кои имаат за цел поддршка на лицата со хендикеп од секој аспект (креирање политики, сервисни услуги, јакнење на свест и сл.). Воедно од страна на присутните беше истакнато дека во државата постои непознавање и дилема кај инситуциите во поглед на активностие дали се или не се во согласност со КПЛХ. Па најчесто се финансираат и поддржуваат активности и програми кои не се во линија со КПЛХ и не се обезбедува поддршка на организациите на лица со хендикеп, туку на даватели на услуги или организации за лица со хендикеп. Претставниците од НСИОМ исто така го отворија прашањето дали и сегашните средства кои ги добиваат се доволни, што ќе треба во иднина да се зголеми фондот за поддршка на организациите на лица со хендикеп. Имено, во моментот се алоцираат средства трипати помалку од потребното за активностите на НСИОМ, кои не се доволни и следствено, не се видливи во целост за лицата со хендикеп. Присутните споделија искуства во однос на посточките системи за финасисрање на граѓанските организации од приходите од игри на среќа и забавни игри (најчести модели на финансирање во регионот се поддршка директно од буџет или формирање на посебен фонд).
Внеси го бараниот поим
+389 2 2400 544
ПОЛИО ПЛУС
Бул. АВНОЈ бр.64, Лок.2
1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Европска Унија
Back to content | Back to main menu