Mobirise Web Page Creator

Прашањето на хендикеп во пристапувањето кон Европската Унија

Март  2017
Главната цел на проектот е да го зајакне влијанието на граѓанскиот сектор при креирањето на јавните политики, донесувањето на одлуки и зајакнувањето на граѓанскиот/политичкиот дијалог. Тој треба да придонесе кон создвање на „Единствен глас“ на организациите на лица со хендикеп.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

- Зајакнати капацитети на организациите на лицата со хендикеп;

- Развиена национална платформа меѓу организациите на лица со хендикеп преку креирање на бази на податоци и стекнати знаења;

- Зајакнат граѓански дијалог и соработка на локални организации на лица со хендикеп и јавните чинители при креирањето на јавните политики и донесувањето одлуки на локално ниво;

- Подигната свест за прашањето на хендикеп како прашање на човекови права и промоција на Конвенцијат за правата на лицата со хендикеп.

Проектот ќе обезбеди мали грантови и обуки со цел да им овозможи на локалните организации на лица со хендикеп нивен придонес во следењето на политиките на национално и локално ниво и воспоставување дијалог со локалните власти за креирање на нови политики согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

ЦЕЛНИ ГРУПИ

Проектот е фокусиран на организациите на лицата со хендикеп кои го промовираат пристапот насочен кон човекови права, општините и националните креатори на политики.

1. Обединет "Единствен глас"

Целта на оваа компонента е да создаде платформа меѓу главните/носечките организации на лица со хендикеп која ќе обезбеди алатки, знаења и ресурси за развој на застапувачките, аналитичките и вештините за преговарање потребни за учество во политичкиот и социјалниот дијалог . 

2. „Расветлување“ на прашањето на хендикепот

Вториот столб вклучува анализа и оценка на законодавството во областите на образованитето, социјалната политика, здравствената заштита, човековите права, еднаквоста и финансиската одржливост на ОЛХ преку холистични сеопфатен осврт кој ќе понуди конкретни препораки за усогласување на законодавтсвото согласно КПЛХ и препораките за ЕУ интеграција.  

3. Регрантирање

Третиот столб е насочен кон обезбедување на финансиска поддршка на организациите на лица со хендикеп со цел активно да се вклучат во развојот и следењето на политиките и да учествуваат во клучните структурни реформи значајни за ЕУ интеграцијата.


4. Подигнување на свеста и видливост

Значајна промена не може да се направи само преку законодавството, туку постои и јасна потреба за подигнување на свеста на пошироката јавност преку создавање на колективна одговорност и сопственост. 

НАЦИОНАЛНО СОБРАНИЕ НА ОРГАНИЗАЦИИ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

ПОВЕЌЕ