Полио Плус - движење против хендикеп

Go to content

Main menu:

 
20 - та сесија на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп
Претставник од Полио Плус – движење против хендикеп учествуваше на 20 - та сесија на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп каде се оценуваше имплементацијата на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп од страна на Р. Македонија.
На дводневната сесија беа оценувани граѓанските и политичките права но и економските и социјалните права за граѓаните со хендикеп согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Во прилог следат дел од забелешките на ООН Комитетот за правата на лицата со хендикеп на македонски јазик:
“..... Во дијалогот што следеше, Експертите на Комитетот го поздравија основањето на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата бидејќи може да послужи како мост меѓу Владата и Националниот совет за лица со попреченост, сепак неговиот состав и мандатот не се во согласност со одредбите на Конвенцијата.
Има потреба од усвојување на социјалниот модел по прашањето на хендикеп и целосно да се опфати инклузивното образование, вклучително и воспоставувањето на потребните системи за поддршка, како што се обука за наставници, програми за рана интервенција и сеопфатен патоказ за едукација на децата со хендикеп во редовното образование.....”
“.....Особено загрижувачки е фактот дека системот на старателство продолжува да преовладува како замена на донесување на одлуките и властите продолжуваат да го ограничуваат, па дури и да ја негираат целосната деловна способност на лицата со хендикеп. Има потреба од континуирано и систематско образование на законодавците за одредбите на Конвенцијата во врска со пристапот до правдата, додека државата треба да воведе мерки за афирмативна акција за промовирање на учеството на лицата со хендикеп во процесите на донесување одлуки на сите нивоа на државата......”
Дел од интерактивниот дијалог меѓу Комитетот и делегацијата на Р. Македонија е објавен на следниов линк
 

ПОЛИО ПЛУС НА СРЕДБА СО ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ
На 30- ти Јули 2018, преставниците на Полио Плус остварија средба со Премиерот на Република Македонија г-дин Зоран Заев и координаторот во службата за односи со јавноста г-ѓа Елена Ласло. На едночасовната средба меѓусебно се информиравме за актуелната состојба на лицата со хендикеп во државава и стана збор за начините на кои Полио Плус може да се вклучи во напорите на Владата на Р.М во претстојниот процес на усогласување на македонското законодавство со законодавството на ЕУ. Заеднички заклучивме дека: - Ресурсите на Полио Плус се важен придонес и мора да се искористат за усогласување на системот на заштита на лицата со хендикеп  во Р.М. согласно Конвенцијата на ООН за правата на лицата со хендикеп; - Полио плус да стане дел од тимот во т.н. “скрининг процес” на ЕК во Р.М. особено во поглавјето 23, а следствено и во поглавјето 19; - Полио Плус, како организација, да ги стави своите капацитети во советодавниот тим на Премиерот; - Конечно, заклучивме дека распределбата на средствата од добивките на среќа кон организациите на лицата со хендикеп мора системски да се реформира, со што ќе се овозможи поголема транспарентност и целисходност на доделените пари. На средбата беа зачнати и редица други прашања од нашава област на делување и се договоривме подетално да ги разаботиме на следниот состанок, како возвратна средба на Премиерот во Полио Плус.

Организациите на лица со хендикеп, здружено и стратешки да иницираат промена на системот на финасирање на организациите на лица со хендикеп и дефинирање на соодветен модел за зголемување на процентот на финансиска поддршка од приходите на игрите на среќа и забавните игри и ја нагласија потребата од измени во Законот на игри на среќа и забавни игри.
 
Организациите на лица со хендикеп, здружено и стратешки да иницираат промена на системот на финасирање на организациите на лица со хендикеп и дефинирање на соодветен модел за зголемување на процентот на финансиска поддршка од приходите на игрите на среќа и забавните игри и ја нагласија потребата од измени во Законот на игри на среќа и забавни игри.
Рекоа за П+ со еден збор
"ХЕРОИ"
Љубомир Д. Фрчкоски - Професор
"ЕСЕНЦИЈА"
Драган Павловиќ - Латас, новинар
"КАЈАК"
Љиљана Поповска, пратеник
"ФОКУС"
ХМА Џорџ Едгар, амбасадор на ВБ во РМ до 2004 година
"АВАНГАРДА"
Хусеинџеват Хусеини, пратеник (2002-2006)
"ГЛАСНИК"
Иџет Мемети, Народен правобранител
"ПАНАЖ"
Александар Коте, регионален директор на ХИ
"ДОБРИ"
Силва Пешиќ, советник за човекови права при ООН во РМ
Нашиот беџ

БЛАГОДАРНОСТ
Им се заблагодаруваме на сите поголеми или помали фондации, организации, фирми, компании, филантропи, кои дадоа свој придонес и оставија личен печат врз нашите досегашни проекти, манифестации и настани.
На 15 и 16 фебруари 2017 во Хотел Порта, Здружението ЛИНК, Мостар од Босна и Херцеговина и Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија одржаа две (2) работилници. Овие работилници се дел од проектот “Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој е поддржан од Европската Унија и Р. Македонија преку ИПА програмата за социјална инклузија на локално ниво, инструмент на Европската Унија за предпристапна помош ИПП оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007 – 2013.
Средба на балканските лидерите на организации на лица со хендикеп во Македонија
Лидерите на организациите на лица со хендикеп од Балканската независна мрежа на почетокот на јули остварија средба во Македонија. На средбата на која што домаќин беше Полио Плус се разговараше за мерките и активностите кои треба да се преземат со цел да се унапредат правата на лицата со хендикеп и акциите кои би воделе кон доследно спроведување на Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. Покрај размената на искуства и активности, лидерите на движењето на лица со хендикеп ја акцентираа потребата од поактивно залагање на организациите на лицата со хендикеп во регионот за остварувањето на правото на глас на граѓаните со хендикеп. Во оваа насока се дискутираше и за можноста за организирање на регионална средба на која би учествувале различни чинители од Балканот и Европската унија. Воедно беше посочена соработката со ОБСЕ и ОДИХР, како сојузници во остварувањето на политичките права на лицата со хендикеп.
Проект: Од Норма до Пракса...
Способност vs Неспособност
На КОНКУРСОТ за Најдобар постер
на КОНКУРСОТ за Најдобра објавена фотографија

Со изложба на фотографии и постери обележан Меѓународниот ден на чевекови права.

Дебата за дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи.

Дебата: НЕДИСКРИМИМАЦИЈА, ЕДНАКВИ МОЖНОСТИ, ВРАБОТУВАЊЕ...

Г- дин Холуб, раководител на одделот за политички односи, правда и внатрешни работи, информација и комуникација во делегацијата на ЕУ, во официјална посета на Полио Плус.
На состанокот со г- дин Холуб и г- ѓа Гертнерова се дискутираше за дел од горчливите прашања со кои се соочува заедницита на лица со хендикеп во Рeпублика Македонија. Се отвори прашањето за политичкото учество на лицата со хендикеп, правото на образование и вработување, како и државното финансирање на организациите на лицата со хендикеп. Воедно се потврди плодната досегашна соработка на ЕУ делагацијата со Полио Плус и се разгледаа натамошните насоки за заедничко дејствување.
Внеси го бараниот поим
+389 2 2400 544
ПОЛИО ПЛУС
Бул. АВНОЈ бр.64, Лок.2
1000 Скопје, МАКЕДОНИЈА
Европска Унија
Back to content | Back to main menu